Дали ги знаете казнените одредби за побрзо возење?

Еден од основните услови за безбедно управување со возилото на пат е да ја прилагодите брзината на движење кон условите на сообраќајот:
-состојбата на патот
-интензитетот на сообраќај
-временските прилики

Статистичките податоци велат дека непочитување на ограничувањето на брзината и неприлагодената брзина на движење се водечки во предизвикувањето на сообраќајни незгоди.

Во следниот текст можете да ги видите можните казни (парични и со бодови), можните забрани за управување со моторно возило доколку не ги почитувате ограничувањата на брзина на патиштата .
 

Во населено место :
 

Член 35 (1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
 
(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)(2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

 (4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
 

Надвор од населено место :


На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од: - 130 km/h на автопат; - 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и - 90 km/h на други патишта.

(3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.

(6) Мандатен платен налог со глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.
 

Совет од тимот на Avtoskola Martin е во целост да ги почитувате ограничувањата на брзина на движење во функција за поголема безбедност во сообраќајот.