Општина Центар информира дека распиша Јавен повик за доделување субвенции на младите жители на општината за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен на 01 Јануари 2026.
Со овој јавен повик ќе се субвенционираат сите млади жители на општина Центар (со и без попреченост), кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и оние кои во 2025 година навршиле 19 години (родени 2006) Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:
- Барање за субвенција;
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Доказ за извршена уплата во автошкола;
- Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар;


