Во категорија „АМ“ спаѓаат мопеди, мотокултиватор, односно возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 km/h и лесни четирицикли.
Возач почетник на моторно возило, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23 часот до 5 часот.
Услови за полагање за АМ категорија:
- лична карта
- лекарско уверение наменето за АМ категорија
- согласност од родителите за оспособување
- прва помош
- да има завршено најмалку основно образование
- навршени 16 години
Обука во автошкола:
- Оспособувањето во автошколата се состои само од теоретска настава
- 12 наставни часа теоретска настава
- теоретската настава се оддржува во простоиите на автошколата
- теоретската настава трае три дена
Испит за АМ категорија:
- Полагањето на возачка дозвола за АМ категорија се извршува во овластен испитен центар.
- Полагањето се состои само од теоретски дел.
По положувањето на теоретскиот дел кандидатот добива возачка дозвола за АМ категорија.


