Обиколување (општи правила, начин, техника и забрана)
- Обиколување е возење покрај запрено или паркирано возило или друг објект што се наоѓа на сообраќајната лента по која се движи возилото
- Обиколувањето се изведува од лева страна, освен во одредени околности каде може и од лева и десна страна (во услови на еднонасочен сообраќај)
Возачот смее да изведе обиколување доколку не ги загрозува другите учесници во сообраќајот. При тоа треба да обрне внимание на, карактеристиките на патот, сообраќајната ситуација на патот и техничката состојба на возилото дали има доволно простор за безбедно обиколување и враќање во својата лента.






