Свртување надесно на дополнителен семафор
Опасности:
- Пешаци кои не можеме во моментот да ги видиме на пешачкиот премин.
- Возило во движење ( такси ) на кое му е вклучен зелен семафор.
Решение: ✅
Бидејќи видното поле ни е блокирано од автобусот, внимателно намалување или подзастанување пред пешачкиот премин за да се увериме дали пешаците веќе стапнале или тргнале од левата страна и доколку го направиле тоа задолжително мора да ги пропуштите. Потоа го поминуваме преминот и го чекаме возилото ( такси ) да помине, а потоа уште еднаш се осигуруваме дали има други возила.
▶️ Моментот кога нема возила и пешаци свртуваме десно
Tимот на avtoskola Martin ви помага полесно да се справите со потешкотиите при полагање


