Еден од основните услови за безбедно управување со возилото на пат е да ја прилагодите брзината на движење кон условите на сообраќајот:

  • состојбата на патот
  • интензитетот на сообраќај
  • временските прилики

Статистичките податоци велат дека непочитување на ограничувањето на брзината и неприлагодената брзина на движење се водечки во предизвикувањето на сообраќајни незгоди.

Во следниот текст можете да ги видите можните казни (парични и со бодови), можните забрани за управување со моторно возило доколку не ги почитувате ограничувањата на брзина на патиштата .

Во населено место :

Член 35 (1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.