Како да ја добиете возачката дозвола за мотор во Македонија?

Доколку размислувате да станете моторџија, првиот чекор е стекнување на соодветна возачка дозвола. Во продолжение ќе објасниме како изгледа процесот за добивање возачка дозвола за мотор во Македонија.

Кои се условите за запишување?
 

За да започнете со обука потребно е:
  • Да ја имате потребната возраст за категоријата за која аплицирате

  • Да поседувате важечки документ за идентификација.
  • Да поминете лекарски преглед согласно законските прописи.

Како изгледа обуката?

Обуката се состои од два дела:

Теоретска настава

Во теоретскиот дел кандидатите ги изучуваат:
  • Сообраќајните правила и прописи
  • Сообраќајните знаци
  • Основите на безбедното учество во сообраќајот
  • Одговорностите на возачитe

Практична обука

Практичниот дел се одвива со инструктор и вклучува:
  • Запознавање со моторот
  • Тргнување и запирање
  • Маневрирање и одржување рамнотежа
  • Возење во градски услови
  • Безбедно учество во сообраќајот

Полагање на испитот

Испитувачите особено обрнуваат внимание на безбедноста, контролата на моторот и почитувањето на сообраќајните правила.