УСЛОВИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ОБУКА
- лична карта / пасош
- лекарско уверение за “Б“ категорија
- завршено најмалку основно образование
- навршени 18 години возраст
- може да се оспособува и со 17 години и шест месеци возраст со согласност од двајцата родители заверена на нотар
ВОЗИЛА ЗА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ
PEUGEOT, CITROEN, FIAT, OPEL, RENAULT
Нашиот тим ќе ви помогне да ги научите тестовите без проблем !
ОБУКА
Оспособувањето во автошколата се состои од теоретска настава и практична настава (обука)
- 20 наставни часа теоретска настава
- теоретската настава се оддржува во училница во автошколата
- теоретската настава се изведува вкупно пет дена
- по завршување на теоретската настава се полага пробен тест
|
- 36 наставни часа
- дневно се одржуваат по 2 наставни часа
- обуката се изведува вкупно 18 дена
|
- од 25 минути до 40 минути градска
|
ВОЗАЧКИ ИСПИТ
Испитиот за “Б“ категорија се состои од теоретски дел (тест) и практичен дел (полигон и градска):
- Тестот за Б категорија се состои од 31 прашање. Севкупниот фонд за учење изнесува 621 прашање.
- Полагањето на полигон вклучува четири вежби (видео)
- Полагањето градска започнува од паркинг просторите пред : Железничка станица, хотел Русија, поликлиника Јане Сандански и ресторан Бисера во населба Аеродром и паркинг просторот пред Зоолошка градина (Центар) и паркинг просторот пред спортската сала Борис Трајковски (Карпош).
32.000 денари (можност за плаќање на рати) 36.000 со автоматски менувач
За повеќе информации околу можностите за финансирање, контактирајте ја Билјана на 070 363 449